Tuesday, October 04, 2005

Фудбалската репрезентација минува низ најлошиот период

Сите што на кој било начин се вклучени во работата со националниот тим или се наоѓаат во или непосредно околу него, ќе сакаат што поскоро да се заборави најслабиот квалификациски циклус воопшто досега.
Без оглед на преостанатото гостување во Холандија, првпат Македонија на крајот нема да биде ниту четврта во својата квалификациска група. Не можевме ниту да сонуваме полоша завршница на овие квалификации, што ги почнавме коректно и солидно.
Андора ја навести живата кал во која одеднаш потона нашиот репрезентативен фудбал и кој знае кога ќе успее да се извлече.
Несвесно и за миг, пропадна во неа и Бобан Бабунски, селекторот со предзнак в.д, кому му падна задачата или подобро самиот одбра во финишот да спасува нешто што не може да се спаси.Можеби е рано, но петардата во Тампере не значи ништо друго, освен дека и Бабунски изгоре во експериментот на ФФМ, слично на неговиот претходник.
Замислете кои подолго време ги имал, а не можел да ги наметне како помошник, биле подеднакво сомнителни и климави како идеите на Сантрач. Без намера да се оспоруваат неговите кадровски решенија, звучи перфектно визијата сите да играат на своите клупски позиции.На тренинзи и на контролни средби можеби и пали, ама кога сето тоа ќе изгледа како вчера во Финска, веднаш се поставува прашањето: каде е проблемот, во избраните или во избирачот. Според овие 1:5, ќе да е и таму и таму. Како и речиси секогаш порано.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home