Thursday, November 17, 2005

Чесиве се радуват за светското првенство во Германија 2006


Чесиве со голот на Rosicky во 86мин си обезедија сигурен пласман.

Sttreler ги испали Швајцарциве на светското првенство

Трите гола на Tuncay Sanli на Турците не им беа доволни за пласман на светското првенство во Грманија 2006.Во 86мин напагачот на VfB Stuttgart им обезбеди пласман на Швајцарциве.

Monday, November 14, 2005

Заслужена Швајцарска победа


Најголемо изненадување натправи Швајцарија со победата 2:0 над Турција со головите на Seandros во 41мин и голот на Bahrami во 86мин.


Чесиве подобри на гостувањето против Норвежаните



Со голот на Smicer во 31мин Република Чешка натрави еден голем чекор во правец на светското првенство во Германија 2006.Во првиот баражен натпревар Република Чешка славеа 1:0 победа во Норвешка.

Luis García вистински генија


Luis García се погрижи да со три голови Шпанија со повеќе од една нога на светското првенство во Германија 2006 стои.На крајот на натпреварот беше напаѓачот на Liverpool FC во Мадрид шпанскиот меч победник.

Thursday, October 13, 2005

Србија и Црна Гора директно на светско

Serbia-Montenegro
Bosnia-Herzegovina
Serbia and Monte1 - 0
Bosnia-Herzegovina

После 7 години србиве пак се пласира на светско првенство.Последен пат се пласира 1998 година тогаш отпадна во осмина финале против Холандија несреќно на пенали.Директниот пласман за за србиве е многу добар успех покрај екипава на Белгија кој што немаше ни теоретски шанси на крајот да се пласира и екипата на Холандија кој што имаше шанса да оди директно.На крајот на утакмицава почна славје низ цела србија исто како да го освоија светскиот куп.

Холандија - Македонија 0:0

Netherlands
FYR Macedonia
Netherlands0:0
F.Y.R. Macedonia


Македонската фудбалска репрезентација со одличен резултат го заврши досега најлошиот квалификациски циклус за големите натпреварувања.
0:0 против големата Холандија и тоа на „Амстердам“ арената, против 2-ро рангираната селекција на листата на ФИФА која е најуспешна во квалификациите за светското првенство што ќе се одржи во Германија наредната година.
Холанѓаните ја продолжија низата од 15 мечеви без пораз, но и по вторпат со Македонија за само една година одиграа нерешено. Според преносот на Македонското Радио, фаворитот напаѓаше, Македонија се бранеше, дури и на крајот имаше шанса преку Стојков да победи.Ние сме 5-ти во групата и покрај бодот сме далеку од Финска, Романија, Чешка и од Холандија, но сме пред Ерменија и Андора. Денеска Чешка победи во Финска со 3:0 и обезбеди бараж, а Ерменија ја совлада Андора со 3:0.

Monday, October 10, 2005

Резултати








Информацији на:
http://fifaworldcup2006results









Холандија проти Македонија

Netherlands
FYR Macedonia
Netherlands19:30
F.Y.R. Macedonia

Ние уште од дознавањето на составот на групата не очекувавме да бидеме во натпреварувачка тензија кога станува збор за жестоката конкуренција и големите пресметки кои решаваат за патниците на идното светско првенство.
Меѓу славениците е и Холандија која токму против нашата репрезентација в среда подготвува завршна журка и одмазда за оние 2:2 од Скопје.
На најмоќниот состав во евро - квалификациите само Македонија успеа да му украде два бода. Билетите за амстердамската арена убавица се распродадени, амбиентот ќе биде дополнителен мотив и за нашите фудбалери.
„Ќе одиме во Холандија да играме фудбал, а не да чуваме некаков резултат затоа што ова е последен натпревар во овие квалификации и нема што да се загуби. Едноставно треба да играме за нас за нашиот стручен штаб и за нашата македонска јавност“, изјави Игор Митревски.
„Да не се посрамотиме да се надигруваме како што е секаде. Ако одиме да се браниме мое мислење е дека нема ништо да излезе од тоа. Од Холандија неможеме да се браниме и така да издржиме 90 минути, ќе играме фудбал“, најави Игор Митревски.
Од Холандија синоќа не усепа да се одбрани дури и една Чешка во Прага и покрај тоа што беше драстично ослабена, а Росицки не усепа да го совлада од пенал Ван дер Сар.
Најуспешната селекција меѓу осумте досега непоразени во европските квалификации за само десет минути во првиот дел го реши мечот и стави печат на германската виза.
Рафаел Вандер Варт и Бери Опдам беа стрелци на головите со кои лалињата вторпат во групата го совладаа големиот ривал.
Триумфот на портокаловите ширум им ги отвори портите на светскиот фудбалски самит на селекциите на Хрватска, односно на Полска и Англија кои најмалку како најдобри второпласирани репрезентации одат на мундијалот.
Хрватите во дуелот со Шведска што мораше да се добие излегоа со високо кренати глави по пеналот што прецизно го реализираше Дарио Срна, а немаше нерви да го гледа селекторот Крањчар кој го прослави третиот последовен пласман на Хрватска на мундијалите.
И Англија пред своја публика на Олд Трафорд обезбеди нов мундијалски предизвик, откако во тежок меч и половина час без исклучениот капитен Дејвид Бекам со гол од пенал во 25-та минута, прелу Франк Лапмард ја совладаа цврстата Австрија.
Италија со гол во финишот против Словенија и теоретски обезбеди учество на идното светско првенство. Кристијан Закардо беше најприсебен во шеснаесетникот на словенците.
И португалците се мачеа за потврдување на пласманот на мундијалот откако аутсајдерот Лихтенштајн победи во првиот дел со голот на Фишер, а за пресврт се погрижија Паулета на почетокот на второто полувреме и Нуњо Гомеш на четири минути пред крајот на натпреварот во Авеиро. В среда е расплетот за шанса или за пополнување на другите шест европски места во Германија.

Екипи кои се квалификувани за светското првенство во Германија 2006

Викенд резевиран за завршницата на квалификациите за претстојниот фудбалски мундијал во Германија 2006 - та.

Репрезентации кои се квалификуваа на СП 2006
ЕвропаГерманија, Англија, Хрватска, Послка, Италија, Португалија
АфрикаАнгола, Того, Гана, Брегот На Слоновата Коска,Тунис
Ј.АмерикаАргентина, Бразил, Парагвај, Еквадор
АзијаЈапонија, Иран, Ј.Кореа, С.Арабија
КонкакафСАД, Мексико, Коста

Сега засега остануваат непополнети уште осум места, шест од Европа и по едно од Јужна Америка и Конкакаф зоната.

Комплетирањето на бројката од вкупно 32 - селекции кои ќе ја почувствуваат атмосферата на најголемиот светски фудбалски самит.

Tuesday, October 04, 2005

Дебакал за Македонциве

Уште еднаш срамно остварување на македонската фудбалска репрезентација. Пораз со 5:1 од Финска во Тампере во вториот меѓусебен натпревар од квалификациите за светското првенство во Германија, претпоследен за Македонија во овој квалификациски циклус.

Ништо од најавената игра и од резултатот со кој требаше да им се одмаздиме на финците за убедливите 0:3 од Скопје. Напротив, многу почетнички грешки по кои го загубивме мечот уште во воведната фаза.

Форсел постигна хет трик за финците, првите два гола во 11-тата и во 13-тата по грешките во додавањата на Шумуликовски и Мустафи во опасната зона пред голот на Јовчев.

Во 40-тата минута Тихи зголеми на 3:0, надеж даде Мазнов со погодокот во 49-тата со кој намаливме на 3:1, но потоа Еременко во 55-тата и Форсел 62-та минута и нанесоа убедлив пораз на нашата репрезентација во Тампере од 5:1.

Фудбалската репрезентација минува низ најлошиот период

Сите што на кој било начин се вклучени во работата со националниот тим или се наоѓаат во или непосредно околу него, ќе сакаат што поскоро да се заборави најслабиот квалификациски циклус воопшто досега.
Без оглед на преостанатото гостување во Холандија, првпат Македонија на крајот нема да биде ниту четврта во својата квалификациска група. Не можевме ниту да сонуваме полоша завршница на овие квалификации, што ги почнавме коректно и солидно.
Андора ја навести живата кал во која одеднаш потона нашиот репрезентативен фудбал и кој знае кога ќе успее да се извлече.
Несвесно и за миг, пропадна во неа и Бобан Бабунски, селекторот со предзнак в.д, кому му падна задачата или подобро самиот одбра во финишот да спасува нешто што не може да се спаси.Можеби е рано, но петардата во Тампере не значи ништо друго, освен дека и Бабунски изгоре во експериментот на ФФМ, слично на неговиот претходник.
Замислете кои подолго време ги имал, а не можел да ги наметне како помошник, биле подеднакво сомнителни и климави како идеите на Сантрач. Без намера да се оспоруваат неговите кадровски решенија, звучи перфектно визијата сите да играат на своите клупски позиции.На тренинзи и на контролни средби можеби и пали, ама кога сето тоа ќе изгледа како вчера во Финска, веднаш се поставува прашањето: каде е проблемот, во избраните или во избирачот. Според овие 1:5, ќе да е и таму и таму. Како и речиси секогаш порано.