Холандија проти Македонија
Netherlands | 19:30 | F.Y.R. Macedonia | ||
Ние уште од дознавањето на составот на групата не очекувавме да бидеме во натпреварувачка тензија кога станува збор за жестоката конкуренција и големите пресметки кои решаваат за патниците на идното светско првенство.
Меѓу славениците е и Холандија која токму против нашата репрезентација в среда подготвува завршна журка и одмазда за оние 2:2 од Скопје.
На најмоќниот состав во евро - квалификациите само Македонија успеа да му украде два бода. Билетите за амстердамската арена убавица се распродадени, амбиентот ќе биде дополнителен мотив и за нашите фудбалери.
„Ќе одиме во Холандија да играме фудбал, а не да чуваме некаков резултат затоа што ова е последен натпревар во овие квалификации и нема што да се загуби. Едноставно треба да играме за нас за нашиот стручен штаб и за нашата македонска јавност“, изјави Игор Митревски.
„Да не се посрамотиме да се надигруваме како што е секаде. Ако одиме да се браниме мое мислење е дека нема ништо да излезе од тоа. Од Холандија неможеме да се браниме и така да издржиме 90 минути, ќе играме фудбал“, најави Игор Митревски.
Од Холандија синоќа не усепа да се одбрани дури и една Чешка во Прага и покрај тоа што беше драстично ослабена, а Росицки не усепа да го совлада од пенал Ван дер Сар.
Најуспешната селекција меѓу осумте досега непоразени во европските квалификации за само десет минути во првиот дел го реши мечот и стави печат на германската виза.
Рафаел Вандер Варт и Бери Опдам беа стрелци на головите со кои лалињата вторпат во групата го совладаа големиот ривал.
Триумфот на портокаловите ширум им ги отвори портите на светскиот фудбалски самит на селекциите на Хрватска, односно на Полска и Англија кои најмалку како најдобри второпласирани репрезентации одат на мундијалот.
Хрватите во дуелот со Шведска што мораше да се добие излегоа со високо кренати глави по пеналот што прецизно го реализираше Дарио Срна, а немаше нерви да го гледа селекторот Крањчар кој го прослави третиот последовен пласман на Хрватска на мундијалите.
И Англија пред своја публика на Олд Трафорд обезбеди нов мундијалски предизвик, откако во тежок меч и половина час без исклучениот капитен Дејвид Бекам со гол од пенал во 25-та минута, прелу Франк Лапмард ја совладаа цврстата Австрија.
Италија со гол во финишот против Словенија и теоретски обезбеди учество на идното светско првенство. Кристијан Закардо беше најприсебен во шеснаесетникот на словенците.
И португалците се мачеа за потврдување на пласманот на мундијалот откако аутсајдерот Лихтенштајн победи во првиот дел со голот на Фишер, а за пресврт се погрижија Паулета на почетокот на второто полувреме и Нуњо Гомеш на четири минути пред крајот на натпреварот во Авеиро. В среда е расплетот за шанса или за пополнување на другите шест европски места во Германија.
0 Comments:
Post a Comment
<< Home